Акции
Од 17-ти Февруари започна традиционалната трета по ред акција на Lions клубот Охрид и Дарон "Месец на дијабетот", и оваа година како и предходните две пациентите ќе може да испитаат гликолизиран хемоглобин, или популарно викан тримесечен шекер во крв бесплатно. Секој пациент кој е заинтересиран ќе треба да се обрати кај својот матичен лекар од каде ќе добие ваучер со кој ќе земе учество во акцијата. Ваучерите ќе може да се подигнат и од Здружението на Дијабетичари на ул. Јане Сандански 11 и во Здружението на деца дијабетичари. Акцијата ќе се одвива исклучиво во новата лабораторија на Дарон на ул. Јане Сандански бр.57. Работно време на новата лабораторија е од понеделник до петок од 7:30 до 15:30, тел. 046 200 070
Галерија
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |














