За нас
Од своето основање во 2007 година ПЗУ ДАРОН создава трајни вредности и несебично придонесува за здравјето на своите пациенти. Почнавме скромно, со еден лекарски тим околу 1500 пациенти, и еден лабораториски тим и капацитет од 180 анализи на час.
Низ многу искушенија, тешки моменти и проблеми, низ многу победи и помалку порази, го баравме своето место под сонцето, место кое несомнено го заслужувавме. Со голема помош и верба од нашите пријатели и колеги и неизмерна доверба од наште пациенти успеавме во нашата цел и денес стигнавме до близу 5000 пациенти кои избрале свој матичен лекар во некој од тимовите во ПЗУ Дарон, што представува околу 10% од вкупната популација на градот Охрид. Со континуирано усовршување и инвестирање во сопствениот кадар и апаратура, поставивме нови стандарди во лабораториската дијагностика и за 5 години го дуплиравме нашиот капацитет од 180 на 360 анализи на час.Во тригодишното работење на одделот за интерна медицина и дијагностика преку 3000 пациенти ги искористија услугите на овој оддел и добија специјалистичко-консултативни прегледи на највисоко ниво. Впрочем за нас најдобро зборуваат не зборовите, туку бројките:
Фискална година 2011:
- Број пациенти кои го избрале својот матичен лекар во ПЗУ ДАРОН - 4.745
- Број на прегледи во одделот за примарна здравствена заштита - 11.000
- Број на пациенти за лабораториска дијагностика - 13.000
- Број на прегледи во одделот за интерна медицина и дијагностика - 2.000
- Број на прегледи во центарот за тироидологија - 500
Галерија
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |














